ТУЖБА ЗА МАЛЕЗИСКАТА ВЛАДА: Семејство на патници во исчезнатиот авион ја бара правдата

ОРБАН СЕ ПРЕМИСЛИ: Нема данок за користење интернет

Смртна казна за тројца Кинези што убија над 30 лица

„Макстил“ затвора, „Југохром“ бара ново продолжување на рокот

12/02/2014 - 14:08

СПАСОВ: Објавени огласи за субвенционирано вработување

Со огласот ќе бидат опфатени дипломираните млади лица до 29 години што завршиле високо образование во студиската 2012/2013 година

Агенцијата за вработување денеска го објави огласот за субвенционирано вработување на млади лица до 29 години, кој е дел од оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година.

Со огласот ќе бидат опфатени дипломираните млади лица до 29 години што завршиле високо образование во студиската 2012/2013 година. За реализација на оваа владина мерка ќе бидат одвоени еден милион и 170 илјади денари од буџетот на Република Македонија.

Субвенционирањето ќе биде по моделот 3+6, кој предвидува три месеци субвенционирано вработување со полно работно време и шест месеци обврска на работодавецот да го задржи лицето на работа или на негово место да вработи друго невработено лице. Овие лица ќе примаат месечна бруто-плата од 13 илјади денари.

- Околностите наметнуваат постојано да се размислува за нови начини со кои за секоја категорија невработени лица ќе се отвораат можности за вработување. Не постојат инстант-решенија, ниту еднократно решение на овој долгорочен проблем. Но, наша задача е системски да ја намалиме невработеноста – истакна денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Покрај ова, денеска се објавени и огласи за обука кај познат работодавец со субвенционирано вработување и обука за занимањата што се бараат на пазарот на трудот од сообраќајната струка.

Со огласот за првата мерка ќе бидат опфатени околу 170 лица, активни баратели на работа на возраст од 50 до 59 години, млади лица до 29 години со завршено основно или средно образование и долгорочно невработени лица. За реализација на мерката се одвоени 9 милиони 537 илјади денари од буџетот на Република Македонија.

(Телеграф.мк)

Оставете коментар

Коментарот можете да го испратите и користејќи:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*